Kenan Irtak
22 Ноември 2019•Ажурирај: 22 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Авионот на турската авиокомпанија „Туркиш Ерлајнс" (Turkish Airlines) излезе од писта по слетување на меѓународниот аеродром „Одеса“ во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашиот авион TC-JGZ кој патуваше од Истанбул кон Одеса, излезе од писта откако слета на меѓународниот аеродром Одеса. Во авионот, во кој се наоѓаа 134 патници, како и нашиот екипаж се евакуирани од авионот без повреди“, се вели во соопштението на „Туркиш Ерлајнс“.
Во соопштението се нагласува дека се води истрага за случајот.