Gorana Jakovljevic
31 Декември 2022•Ажурирај: 02 Јануари 2023
СИДНЕЈ (АА) - Голем број домашни и странски туристи уживаа во спектакуларниот новогодишен огномет над познатата Сиднејска опера и мостот во Сиднеј во Австралија, известува Агенција Анадолија (АА).
Државата Самоа, Кирибати и Нов Зеланд први влегоа во новата календарска 2023 година, а полноќ отчука и на Фиџи и Австралија.

Набљудувачите уживаа гледајќи го огнометот и од бродови, додека многумина седеа во околните места од кои се нуди најдобриот поглед кон спектаклот.