Sorwar Alam
25 Јули 2017•Ажурирај: 26 Јули 2017
ВИЕНА (АА) - Барател на азил со палестинско потекло беше осуден на доживотен затвор поради поттикнување на самоубиствени напади во Израел преку социјалните мрежи, соопшти судот во Австрија, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот во Кремс на Дунав, кој се наоѓа на околу 70 километри западно од Виена, вчера соопшти дека 27-годишниот Палестинец, меѓу другото, беше обвинет за членство во палестинското движење Хамас.
Човекот беше уапсен во 2016 година, во центарот за бегалци во областа на Валдфиртел. Беше обвинет за повеќе точки, вклучувајќи и протиставување на властите.
Палестинецот по апсењето се наоѓа во затворот Јозефштат, а претходно отслужи деветгодишна казна затвор во Израел, по што во 2016 година избега во Австрија.
Неговите адвокати ќе поднесат жалба до Апелациониот суд.