Iqbal Musyaffa
14 Декември 2020•Ажурирај: 15 Декември 2020
ЏAKАРТА (АА) - Индонезискиот сервис на Агенција Анадолија денес доби награда од Националната агенција за зекат за промовирање на помагањето на сиромашните и давањето милостина.
Бамбанг Соедибио, претседателот на Националната агенција за зекат (BAZNAS), рече дека наградата е доделена врз основа на квантитативни и квалитативни стандарди на проценување.
Агенцијата го менаџира дистрибуирањето на зекатот во земјата.
Како еден од петте столба на исламот, зекатот, или милостината, е задолжителна за сите муслимани кои финансиски се во можност. Тие донираат износ од 2,5 отсто од своето богатство на годишно ниво.