Haydar Karaalp
09 Декември 2021•Ажурирај: 10 Декември 2021
БАГДАД (АА) - Јахја Ресул, портпарол за воени прашања на ирачкиот премиер, истакна дека главната цел на експлозијата во која загинаа 4 цивили во Басра пред два дена, бил офицер кој работел во разузнавачката служба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјава за официјалната државна телевизија, Ресул соопшти: „Цел на експлозијата во Басра беше офицерот кој работеше во разузнавачката служба и го водеше предметот за откривање на убијците на новинарот Ахмет Абдусамед, убиен за време на демонстрациите во 2019 година.“
Портпаролот рече дека наскоро ќе биде уапсен виновникот за експлозијата.
Се додава дека групата наречена „Тимови на смртта“, поврзана со шиитските милиции, стои зад експлозијата во која пред два дена загинаа 4 лица во Басра.
Во Карбала, разузнавач кој го истражуваше случајот со убиството на демонстрантите, беше убиен од неидентификувани вооружени лица во изминатите неколку дена.
Некои шиитски милициски групи блиски до Иран се одговорни за убиството и киднапирањето на демонстранти за време на протестите што избувнаа во октомври 2019 година поради корупција, невработеност и недостиг на јавни услуги.
Иако ирачкиот премиер Мустафа ал Каземи и други релевантни владини претставници постојано најавуваат дека страните одговорни за убиството на демонстрантите ќе бидат споделени со јавноста, нивниот идентитет сѐ уште не е соопштен.