Ruslan Rehimov
03 Јуни 2022•Ажурирај: 03 Јуни 2022
БАКУ (АА) - Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ерменските војници отвориле оган врз азербејџанските позиции во правец на Келбаџар со минофрлачки гранати, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението дадено од Министерството се наведува дека азербејџанските позиции кај селата Зејлик и Јелиџе во провинцијата Келбаџар биле под оган од ерменски војници од вечерните часови на 2 јуни до ноќните часови на 3 јуни.
Исто така, се нагласува дека ерменските војници отвориле оган со минофрлачи, а азербејџанските војници веднаш возвратиле.
Во соопштението во кое се истакнува дека нема жртви меѓу азербејџанските војници, се додава: „Ерменската страна се обидува да ја ескалира ситуацијата на границата со цел да го оттргне вниманието на јавноста од внатрешните процеси. Целата одговорност од провокациите е ерменската администрација.“