Ruslan Rehimov
20 Септември 2022•Ажурирај: 21 Септември 2022
БАКУ
Азербејџан ѝ ги предаде на Ерменија телата на уште 95 ерменски војници кои загинаа во судирите на границата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Државната комисија за заробени, исчезнати и заложници на Азербејџан се наведува дека се спроведува истрага за да се пронајдат телата на ерменските војници кои ги загубија животите во регионот каде што се случија судирите на 12-14 септември.
Во соопштението се наведува дека телата на 95 ерменски војници биле прегледани од персоналот на военото обвинителство на Азербејџан и откако е утврдено дека на телата не се пронајдени траги на насилство, тие се пратени во Ерменија преку Меѓународниот црвен крст.
Се нагласува дека ќе продолжи процесот на предавање на телата на ерменските војници.
Азербејџан на 17 септември ѝ предаде на Ерменија 32 тела.
- Конфликт на границата Азербејџан - Ерменија
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ерменската Армија ноќта на 12 септември извршила опсежни провокации во правците Дашкесен, Келбаџар и Лачин.
Како резултат на дипломатските контакти, соопштено е дека Азербејџан и Ерменија се договориле за прекин на огнот во најголемиот конфликт по Втората војна за Карабах..
Азербејџан соопшти дека загинале 80 војници. Ерменија, пак, информираше дека бројот на загинати ерменски војници изнесува 207.