Aida Cako
07 Јули 2025•Ажурирај: 08 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) – Активисти за заштита на животната средина од организацијата Гринпис денес организираа протест во Берлин поради рударството на морското дно, јавува Анадолу.
Во знак на протестот тие поставија џиновска инсталација во форма на розов октопод со цел подигнување на јавната свест.
Протестот се одржа помеѓу германскиот Бундестаг (Федералниот парламент) и реката Шпре, каде што активистите истакнаа транспаренти со натписи „Стоп за рударството на длабокото морско дно“.
Акцијата имаше цел да ги повика германските пратеници да се спротивстават на индустриското ископување минерали од длабокото морското дно.
Гринпис предупредува дека ваквите практики претставуваат сериозна закана за кревките морски екосистеми.