Ruslan Rehimov
10 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев порача дека договорот за Нагорно Карабах кој го потпишале Азербејџан, Русија и Ерменија претставува воен пораз на Ерменија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Денес е завршен проблемот меѓу Азербејџан и Ерменија околу Нагорно Карабах“, изјави Алиев и додаде дека договорот на трите земји претставува последна точка во врска со решавањето на ова прашање.
Алиев потврди дека со договорот се запрени воените операции во регионот и дека Азербејџан и Ерменија ќе ги задржат позициите кои сега ги контролираат.
Азербејџанскиот претседател соопшти дека градот Агдам, кој е под окупација на Ерменија, ќе биде вратен на Азербејџан до 20 ноември. Келбецер ќе биде вратен на 15 ноември додека под контрола на Баку, Лацин ќе биде вратен на 1 декември.
Тој изјави дека на линијата на контакт во Нагорно Карабах ќе бидат распоредени 1.960 руски војници во рамките на мировните сили, кои ќе располагаат со 90 оклопни возила. Руските мировни сили во регионот ќе останат пет години, а доколку не дојде до жалба од една од страните најмалку шест месеци пред истекување на мисијата, нивниот престој ќе биде автоматски продолжен.
Тој најави и враќање на бегалците на нивните огништа и формирање на механизам за надзор на спроведување на примирјето. Алиев изјави дека договорот предвидува и изградба на нов пат кој ќе ги спојува Нагорно Карабах со Ерменија. Ќе биде отворен и сообраќаен коридор меѓу Азербејџан и неговите западни градови како и до Автономната Република Наџиван.
„Пашинјан договорот го потпишува далеку од камерите. Не го потпишува по своја желба туку поради нашата железна тупаница. Овој договор е наша славна победа“, изјави Алиев оценувајќи го договорот историски.
Алиев најави и учество на Турција во механизмот за надзор за спроведување на примирјето, која таа улога ќе ја извршува преку офицер во заедничкиот центар за надзор, во кој ќе биде и Русија.
„Турција официјално ќе учествува во решението на овој судир и во надзор на спроведувањето на примирјето. Сакам да ги пофалам напорите на мојот брат Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Русија, Владимир Путин, бидејќи тие во овие 45 дена вложија големи напори да се дојде до решението“, изјави Алиев.
Претседателот на Азербејџан наведе и дека сегашниот договор не го третира статусот на Нагорно Карабах.