Gökhan Kavak
10 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Во Јужноафриканската Република се случи верижна сообраќајна несреќа во која животот го загубија 14 лица, од кои 13 жени, известува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во локалните медиуми, во источниот дел на земјата, во подрачјето КваЗулу-Натал се случила верижна сообраќајна несреќа во која учествувале два камиона и еден минибус.
Роберт Меккензи, здравствен работник во КваЗулу-Натал, информираше дека во несреќата животот го загубиле 14 лица.
„Сите загинати се патници што се наоѓале во минибусот. Животот го загубија 14 лица, од кои 13 се жени“, соопшти Меккензи.
Меккензи рече дека возачот на камионот, кој ја предизвикал сообраќајната несреќа, избегал од местото на несреќата и додаде дека во тек е истрага во врска со несреќата.