Seda Sevencan
01 Декември 2020•Ажурирај: 02 Декември 2020
БАКУ
Азербејџанскиот претседател, Илхам Алијев, денес изјави дека Азербејџан создал нова реалност откако ја избркал Ерменија од своите територии и дека сите треба да го прифатат тоа, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Го избркавме непријателот од нашата територија и создадовме нова реалност. Секој треба да ја прифати таа реалност“, изјави Алијев во своето обраќање до нацијата.
„Луѓето што живеат во Нагорно Карабах денес се азербејџански граѓани, тие ќе видат дека нивниот живот сега ќе биде подобар во државата Азербејџан“, нагласи Алијев.
Во врска со т.н. француска резолуција за Карабах, Алијев изјави дека Франција „ако толку многу сака“, може да им го даде својот јужен регион Марсеј на Ерменците за да формираат држава.
На 23 ноември, францускиот Сенат ја усвои резолуцијата, повикувајќи на признавање на Нагорно Карабах како република.
Нагорно Карабах е територија призната како дел од Азербејџан. Окупиран е од Ерменија во 1991 година и оттогаш дојде до длабок раздор со соседен Азербејџан.
Новите судири на територијата избувнаа на 27 септември и завршија со примирје со посредство на Русија шест недели подоцна.