Emre Gürkan Abay
01 Декември 2020•Ажурирај: 02 Декември 2020
МОСКВА (АА) - Руската најголема авиокомпанија „Аерофлот“ во првите 9 месеци од оваа година претрпе штета од 79,4 милијарди рубљи или околу 1 милијарда долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од „Аерофлот“ информираат дека компанијата во првите 9 месеци од минатата година остварила нето-добивка од 20,3 милијарди рубљи (околу 266,74 милиони долари), додека во истиот период од оваа година претрпеле загуба од 79,4 милијарди рубљи (1,04 милијарди долари).
Во текот на овој период приходите на компанијата се намалени за 55,3% и изнесуваат 234 милијарди рубљи (3,07 милијарди долари), додека приходите од транспортот на патници паднаа за 58,4% и изнесуваат 179 милијарди рубљи (2,35 милијарди долари).
Најголемата руска авиокомпанија само во третиот квартал од оваа година забележа загуба од 21,1 милијарда рубљи (277,25 милиони долари).
Заменик-директорот на „Аерофлот“, Андреј Чиканчин, изјави дека авиоиндустријата во целиот свет се соочува со голем проблем поради пандемијата.
„Земајќи ги предвид сите предизвици со кои се соочува авиоиндустријата, чекорите кон постепеното закрепнување на патничкиот сообраќај се преземаат крајно внимателно“, истакна Чиканчин.