Mohammad Sıo
02 Април 2026•Ажурирај: 03 Април 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Во американско-израелски напад денес е погоден клучен мост на главниот автопат во Северен Иран, во најновата ескалација во регионот, јавуваат иранските медиуми, пренесува Анадолу.
Според новинската агенција „Фарс“, погодени се повеќе локации во областа Азимије во близина на градот Караџ, вклучително и мостот „Б1“ (B1), кој се опишува како највисок мост на Блискиот Исток.
Медиумот јавува дека во нападот повредени се неколку лица, а на местото на настанот се испратени спасувачки екипи.
Во нападот е оштетен мостот, кој е дел од голем инфраструктурен проект и се очекуваше наскоро да биде свечено пуштен во употреба.
Пријавени се и прекини во снабдувањето со електрична енергија во некои области, при што регионалните власти работат на обновување на услугата.
Тензиите во регионот ескалираа откако Израел и САД започнаа заедничка офанзива врз Иран на 28 февруари, во која се убиени над 1.340 лица, меѓу кои и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.
Иран возврати со напад со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени бази, предизвикувајќи жртви и уништување на инфраструктурата, истовремено и нарушување на глобалните пазари и авиосообраќајот.