Dildar Baykan
26 Јануари 2021•Ажурирај: 26 Јануари 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, по церемонијата за потпишување на претседателските укази, што се одржа во Белата куќа, одговараше на прашањата на новинарите, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Многу сме загрижени од постапките на Русија“, истакна Бајден поради приведувањето на рускиот опозиционер Алексеј Навални, а посочи и на големиот број тврдења дека Русија врши кибернапади врз американските институции и дека се нудат пари за убивање на американските војници во Авганистан.
Потенцирајќи дека од релевантните институции се побарани информации во врска со наводите за Русија, Бајден рече: „Нема да се двоумам за овие прашања да разговарам со руските колеги.“