Haydar Hadi
15 Јули 2016•Ажурирај: 15 Јули 2016
БАГДАД (АА) - Во ирачкиот главен град Багдад илјадници граѓани, подржувачи на лидерот на движењето „Садр", Муктеда ес-Садр, организираа антивладини демонстрации барајќи реформи, јавува Anadolu Agency (AA).
Поддржувачите на Садр, од раните утрински часови започнаа да го исполнуваат плоштадот Тахрир во центарот на Багдад. Демонстрантите кои носеа ирачки знамиња, побараа да и се стави крај на корупцијата, политичките поделби и секташтвото. Беше побарано и да му се суди на поранешниот министер Нури ел-Малики.
На демонстрациите накратко им се приклучи и шиитскиот лидер Садр, кој по искажаните слогани „Багдад е слободен, Америка надвор", „Да за Ирак", „Суните и Шиите се браќа, татковината не ја продаваме", „Да за реформите, не за корупцијата", го напушти плоштадот.
Откако шиитскиот лидер го напушти плоштадот, беше прочитана содржината на порака за „Барања од владата". Садр во пораката вели:
„Владата веднаш да ги поништи лиценците на концесионерите. Корумпираните по кратка постапка да му бидат предадени на судот и на праведен начин нека им се суди, во спротивно народот ќе знае како да им суди."
Во пораката се бара да бидат разрешени сите членови на Висока изборна комисија и на нивни места да бидат назначени независни кандидати. Садр ја истакна потребата од спроведување на сеопфатни реформи во државните институции и формирање технократска влада која би била далеку од политичките поделби.
- „Проблем со секташка влада"
На демонстрациите кои ги организираа подржувачите на Садр им се приклучија и членовите од граѓанско движење „Сегашност."
За АА зборуваше лидерот на движењето Касим Хилфи , кој изјави: „Со нашите протести обезбедивме национално единство. Тука можете да го забележите само ирачкото знаме. Тоа ја покажува нашата посветеност на националниот идентитет. Проблемот со политичките поделби и секташтво потекнува од владата. Ова е Влада која на неуспешните и незаслужните, им отвори пат да влезат во државните институции и останаа безомошни во водењето на државата."
- „Едиствено знаме е знамето на Ирак"
Демонстрантот Муемел ел-Ираки рече дека политиката на секташтво, особено ќе се одрази врз младите. „Овие демонстрации се за обединување на Ирак. Единствено знаме е знамето на Ирак. Некои ги застаужаат Иран и Саудиска Арабија. Ние сме против тоа“, изјави Муемел.
Вниманието го привлекоа преземените високи мерки за безнедност. Силите за безбедност, за сообраќај ги затворија патиштата кои водат кон местото на демонстрации во Багдад.