Gamze Türkoğlu Oğuz
15 Јули 2016•Ажурирај: 16 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Холанѓанец кој на социјалните мрежи го навредил кралот на оваа земја Вилем-Александар, беше осуден на 30 дена затвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Би-Би-Си, судот во холандскиот град Оверијсел го прогласи 44-годишниот Холанѓанец за виновен за навреда на кралот.
Поточно, Судот утврди дека Холанѓанецот „намерно го навредил на кралот", преку социјалните мрежи за што доби казна од 30 дена.
Во Холандија од 1881 година на сила е законот за навреда на кралот, а оние кои се осудени за тоа може да бидат казнети и до пет години затвор или парична казна од 20.000 евра.