Ekipa
06 Септември 2018•Ажурирај: 06 Септември 2018
ИДЛИБ (АА) - Најмалку еден цивил загина, а двајца се ранети во артилериските напади кои силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад денес ги извршија на јужниот дел на Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувани локални извори на АА јавуваат дека режимските сили утринава ги гранатирале населените места Теманиа, Тух, Брејса и Хувејн.
Цел на нападите беа населените места, а според првичните информации од терен, во нападите е убиен најмалку еден цивил. Уште две лица се ранети.
Руските воздушни сили пред два дена извршија напади врз западните и југозападните делови на Идлиб. Во тие напади загинаа најмалку 10, а ранети беа 20 лица.
Идлиб е сириска покраина која се смета за најголемо упориште и енклава на сириската опозиција. Речиси 4 милиони жители од тој регион веќе одреден период стравуваат дека силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад би можеле да започнат нови напади.
Станува збор за регион од стратешко значење во кој новите судири би предизвикале голем бран бегалци кон Турција и Европа.