Aynur Ekiz
06 Септември 2018•Ажурирај: 07 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Третиот трилатерален Самит на Турција, Русија и Иран ќе се одржи денес во Техеран, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за три земји, гаранти на мировниот процес за Сирија кој се води во главниот град на Казахстан, Астана.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ќе одржи состанок со руските и иранските колеги Владимир Путин и Хасан Рохани, со цел изнаоѓање решение за сириската криза во рамките на механизмот воспоставен во астанските преговори.
Лидерите на трите земји со заеднички напори се обидуваат паралелно да пронајдат механизам на дејствување на терен и да креираат услови и рамки на транзицискиот процес во Сирија.
Од Кабинетот на турскиот претседател е соопштено дека цел на техеранскиот Самит е да се анализира состојбата на терен и да се договорат можните чекори напред кон завршување на кризата во Сирија.
Претходниот Самит, на кој Ердоган, Путин и Рохани разговараа за Сирија, беше одржан во април оваа година во Турција.
Тоа ќе биде можност и за билатерални средби на лидерите, а од Кабинетот на Ердоган веќе е најавено дека на одвоените состаноци со Путин и Рохани ќе разговараат за односите на Турција со Русија и Иран.