Saadet Firdevs Aparı
11 Јули 2022•Ажурирај: 12 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Јамагами Тецуја, осомничениот за убиството на поранешниот јапонски премиер Абе Шинзо, на Јутуб гледал видеа за да го направи оружјето што го користел во нападот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста на „Кјодо њуз“ се истакнува дека истражните служби соопштиле дека Јамагами за изработка на оружјето со кое го застрела поранешниот премиер Абе користел видеа од Јутуб.
Јамагами им рекол на полициските службеници дека оружјето што го користел при нападот го тестирал во еден објект.
Истакнувајќи дека Јамагами претходно се обидел да направи бомба, еден од истражителите на настанот рече дека напаѓачот прво сакал да го нападне водачот на религиозна група, а потоа се предомислил и се насочил кон Абе.
Поранешниот јапонски премиер Абе на 8 јули беше застрелан во градите за време на своето обраќање на настан на отворено за поддршка на изборната кампања на кандидатот на Либерално-демократската партија во градот Нара.