Alican Ocak
11 Јули 2022•Ажурирај: 12 Јули 2022
АКРА (АА) – Луѓето во регионот Акропонг, што се наоѓа на северот од Акра, главниот град на Гана, живеат во тешки услови, јавува Агенција Анадолија (АА).
Најголем дел од луѓето што живеат во северните делови на главниот град, кој се истакнува со природните убавини, заработуваат со продажба на тропско овошје.
Младите кои живеат во бараките што ги градат сами, од една страна работат за да заработат за своето семејство, а од друга страна продолжуваат со своето образование.
Клифорд Агбеко (15), кој ги продава плодовите што ги собира со качување по дрвја, истакна дека дневно заработува околу 2,5 долари.
Истакнувајќи дека со заработените пари се грижи за својата сестра и се труди да го заврши своето образование, тој рече дека е еден од десетиците илјади млади луѓе во регионот кои се борат за да преживеат.