Tufan Aktaş
27 Мај 2022•Ажурирај: 28 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Малабо, главниот град на Екваторска Гвинеја, започна вонредниот Самит за хуманитарна помош на Африканската Унија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На вонредниот Самит, лидерите на африканските земји ќе разговараат за чекорите што треба да се преземат за актуелните хуманитарни кризи, епидемии и природни катастрофи на континентот.
Лидерите утре ќе се сретнат и на вонредниот Самит за тероризмот и неуставните владини промени.
Африканските лидери, обидувајќи се да го надминат влијанието на Руско-украинската војна врз економиите, сакаат да преземат нови мерки против воените удари што зачестија во последните години.