Ali Cura
27 Мај 2022•Ажурирај: 29 Мај 2022
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека пет дипломати кои работат во Хрватската амбасада во Москва се прогласени за персона нон грата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека хрватскиот амбасадор во Москва, Томислав Цар, е повикан во Министерството во знак на протест поради воената помош на Хрватска за Киев и обидите на хрватските власти да ја обвинат Русија за воени злосторства во Украина.
„Како одговор на претходно непријателските чекори на Загреб за намалување на бројот на претставници на руската дипломатска мисија, на амбасадорот Цар му беше дадена нота дека петмина вработени се прогласени за персона нон грата во Хрватската амбасада во Москва“, се нагласува во соопштението.