Dildar Baykan Atalay
26 Јули 2022•Ажурирај: 27 Јули 2022
ВАШИНГТОН (АА)
Американскиот претседател Џо Бајден упати критики кон неговиот претходник Доналд Трамп дека „дејствувал без храброст“, затоа што со часови молчел за време на упадот во Конгресот на 6 јануари 2021 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бајден, кој беше во карантин во Белата куќа поради Ковид-19, испрати видео порака за настанот на Националната организација на извршните директори на афроамериканските безбедносни сили.
Во својата порака упатувајќи пофалби за придонесот на афроамериканските полиција и безбедносните сили во општеството, Бајден рече дека должностите на полицијата со секој изминат ден стануваат потешки поради зголеменото вооружување.
Тој исто така ги критикуваше републиканците за нивниот став по ова прашање.
Бајден, заблагодарувајќи им се на безбедносните сили кои беа на задача при упадот во конгресот рече: „Секој ден им ги доверуваме нашите животи на безбедносните сили. На 6 јануари им ја доверивме нашата демократија.“
- „Не можеш да бидеш и бунтовник и демократ“
Нагласувајќи дека полицијата на Конгресот, полицијата во Вашингтон и другите безбедносни сили ги потиснале демонстрантите со сета своја сила на денот на упадот, Бајден истакна: „Поразениот поранешен претседател на САД (Трамп) 3 часа удобно седеше во трпезаријата до Овалната соба и ги гледаше сите настани. Додека тој го правеше тоа, храбрите безбедносни сили 3 часа се бореа со средновековниот пекол.“
Бајден, меѓу другото додаде: „Трамп немаше храброст да преземе акција. Не можеш да бидеш и на страната на полицијата и на страната на бунтовниците. Не можеш да бидеш и бунтовник и демократ. Не можеш да си и за бунтовниците и за Америка.“
– Трамп гледал телевизија 2,5 часа во трпезаријата на Белата куќа за време на упадот во Конгресот
Истражниот комитет на 6 јануари детално ги разгледа 187-те минути што Трамп ги помина во Белата куќа на денот на упадот на Конгресот.
Комитетот соопшти дека тогашниот американски претседател Доналд Трамп за време на упадот на Конгресот во трпезаријата 2,5 часа гледал „Fox News“.