Sinan Doğan
26 Јули 2022•Ажурирај: 27 Јули 2022
БОГОТА (АА) - Шест лица се убиени во вооружен напад на Центар за рехабилитација во западната мексиканска држава Халиско во кој се наоѓале затвореници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во мексиканските медиуми, вооружен напад е извршен врз Центарот за рехабилитација во градот Тлакепаке.
Во нападот животот го загубија 6 лица, од кои една жена.
Очевидци изјавија дека вооружени лица со маски на лицата го извршиле упадот во Центарот за рехабилитација.
Државното правобранителство соопшти дека е започната сеопфатна истрага во врска со инцидентот.