Rabia İclal Turan
06 Април 2023•Ажурирај: 08 Април 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Власта на САД соопшти дека се длабоко загрижени поради тензиите во врска со немирите во комплексот „Ал Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) и ги повикаа сите страни на воздржаност, јавува Анадолу.
„Остануваме крајно загрижени поради континуираното насилство и ги повикуваме сите страни да избегнуваат понатамошна ескалација на тензиите“, истакна синоќа портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.
Кирби порача дека сега императив е Израелците и Палестинците заедно да работат на деескалација на тензиите и враќање на чувството на мир.
Запрашан зошто немало американска осуда на израелскиот напад врз палестинските верници, Кирби рече дека САД редовно го осудуваат насилството во целиот свет.
Неговата изјава следуваше по ескалирањето на тензиите откако израелската полиција приведе околу 350 верници во комплексот „Ал Акса“.
Група Палестинци се забарикадирале во делот за молење во џамијата „Ал-Кибли“ откако еврејските доселеници повикале на упад во џамијата.