Hajer M'tırı
30 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
ПАРИЗ - Белгиската полиција уапси четворица осомничени за организирање на терористичкиот напад кој во август 2015 година го спречија патници во брзиот воз од Амстердам до Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Федералнoтo белгиско обвинителство соопшти дека полицијата извршила претрес на шест адреси во Брисел и во други градови, и од слобода лишила четири лица осомничени за организирање на терористичкиот напад пред две години.
Уапсените се предадени пред истражен судија за понатамошно процесуирање.
Патниците на брзата железница „Thalys“, на 21 август 2015 година онеспособија вооружено машко лице во обидот да изврши терористички напад. Инцидентот се случи во северниот дел на Франција, а напаѓачот влегол во возот и со калашников се обидел да изврши масовно убиство на патници.