Irmak Akcan
16 Декември 2023•Ажурирај: 17 Декември 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Министрите за надворешни работи на САД и Германија, Ентони Блинкен и Аналена Баербук, разговараа за актуелната ситуација во блокираниот Појас Газа кој е цел на жестоки израелски напади, известува Анадолу.
Портпаролот на американскиот Стејт Департент, Метју Милер, соопшти дека Ентони Блинкен и Аналена Баербук укажале на потребата од обезбедување хуманитарна помош за жителите на Газа.
Во соопштението се наведува дека двајцата министри разговарале и за начинот на кој би можеле да се намалат судирите и да се заштитат цивилите.
Блинкен ја нагласи потребата од меѓународни напади за да би се елиминирала заканата што бунтовничкото движење Хуси претставува за бродовите во Црвеното Море.
Блинкен и Баербок повторија и дека САД и Германија ја продолжуваат силната поддршка на Украина во војната против Русија.