Betül Yürük
23 Ноември 2020•Ажурирај: 24 Ноември 2020
ЊУЈОРК (АА) - Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, за државен секретар на земјата ќе го назначи Ентони Блинкен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите во американските медиуми, Бајден, кој започна да го формира својот Кабинет, за државен секретар ќе го назначи неговиот висок советник за надворешна политика, Блинкен.
Блинкен (58) за време на мандатот на претседателот Обама беше заменик државен секретар и заменик советник за национална безбедност.