Ömer Tuğrul Çam
24 Март 2021•Ажурирај: 24 Март 2021
БРИСЕЛ
Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу се состана во Брисел со шефот на Стејт Департментот, Ентони Блинкен, јавува Агенција Анадолија (АА)
Двајцата министри, кои по повод состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО се состанаа во Брисел, го одржаа првиот билатерален состанок по именувањето на Блинкен.
Чавушоглу и Блинкен на 15 февруари разговараа телефонски, а тема на разговорите беа регионалните прашања, терористичките организации ФЕТО и ПКК/ПЈД, борбата против тероризмот, одбранбениот систем С-400, Сирија и Источен Медитеран.