Sayed Khodaiberdi Sadat
29 Септември 2020•Ажурирај: 01 Октомври 2020
КАБУЛ
Четиринаесет цивили го загубија животот во бомбашкиот напад во авганистанската покраина Дајкунди, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Заменикот на Покраинскиот совет на Дајкунди, Гајрет Али Џевахир, во изјава за медиумите рече дека била активирана бомба покрај патот во регионот Суф Кариз во областа Какран, во Дејкунди, додека возилото со цивилите минувало низ областа.
Наведувајќи дека во нападот загинале 14 цивили, меѓу кои и деца, Џевахир изјави дека тројца цивили се повредени.
Џевахир истакна дека бомбата била поставена во областа од страна на талибанските милитанти.
Засега никој не ја презеде одговорност за нападот.