Ali Cura
29 Септември 2020•Ажурирај: 30 Септември 2020
МОСКВА (АА) - Бројот на заразени со новиот тип коронавирус во Русија е зголемен на 1.167.805, додека од Ковид-19 починаа 20.545 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за превенција и контрола на коронавирусот во Русија соопшти дека во последните 24 часа новиот тип коронавирус е потврден кај уште 8.232 лица, со што вкупниот број на заразени е зголемен на 1.167.805.
Станува збор за најголем раст на бројот на заразени на дневно ниво од 12 јули.
Во последните 24 часа се потврдени 160 смртни случаи, вкупно 20.545, а бројот на излекувани е поголем за 6.479 и изнесува 952.399.
Трендот на пораст на дневниот број на заразени и понатаму е 0,7 отсто, а кај 27,6 отсто од новозаразените не се забележани симптоми на болеста.
Во Москва во последните 24 часа се потврдени 2.300 нови случаи на заразување, односно вкупно 290.293. Забележани се и 23 нови смртни случаи, вкупно 5.203.
Заводот за заштита на потрошувачките права и човековото здравје во Русија соопшти дека до денес се спроведени 45,6 милиони тестирања за присуството на Ковид-19.
Првиот случај на Ковид-19 во Русија е потврден на 31 јануари, додека првиот смртен случај е потврден на 19 март.
Со намалувањето на бројот на новозаразени, во земјата се постепено укинувани мерките воведени за спречување на ширењето на вирусот. Сепак, донесена е одлука за задолжително носење маски и ракавици во затворени простори, како и во просторите каде што престојуваат голем број луѓе.
Во земјата на 1 септември започна новата учебна година, а во училиштата е потребно да се носат маски и да се почитува социјалната дистанца.