Sayed Khodaiberdi Sadat
22 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
КАБУЛ
Во авганистанската провинција Урузган извршен е бомбашки напад во кој животот го загубија 7 припадници на безбедносните сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на гувернерството на Урузган, Зилгеј Ибади за медиумите изјави дека во местото Хас во провинцијата Урузган експлодирала бомба поставена покрај патот во момент кога на тој дел од патот минувало возило кое ги транспортирало припадниците на безбедносните сили.
Портпаролот Ибади соопшти дека во експлозијата животот го загубиле 7 припадници на безбедносните сили.
Засега никој не ја предезе одговорноста за нападот.