Sayed Khodaiberdi Sadat
11 Октомври 2020•Ажурирај: 12 Октомври 2020
КАБУЛ
Тринаесет лица загинаа во бомбашкиот напад извршен во авганистанската северна покраина Сар-и Пул, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Безбедносните службеници од Сар-и Пул соопштија дека бомба поставена покрај патот во подрачјето на Сузма Кале била активирана за време на преминот на воениот конвој.
Се вели дека во нападот загинале 10 војници и 3 цивили, додека 3 војници се повредени.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Безбедносните службеници тврдат дека нападот бил извршен од страна на талибанците.