Adam Abu-bashal
11 Октомври 2020•Ажурирај: 12 Октомври 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи од новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 578 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.578.309.
Во Африка вкупната бројка на починати се зголеми на 37.960.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (17.673), по која следуваат Египет (6.040) и Мароко (2.572).
На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (690.896), по која следуваат Мароко (149.841) и Египет (104.387).
Во Африка од вирусот досега се излекувани вкупно 1.305.395 лица.