Havva Kara Aydın
11 Октомври 2020•Ажурирај: 12 Октомври 2020
АНКАРА
Турција остро го осуди последниот напад на Ерменија, која го нападна вториот најголем град на Азербејџан, Генџе, и покрај тоа што беше прогласено примирје, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нападот врз цивилните населени места, што предизвика жртви, е нов пример на провокациите од страна на ерменската Влада за проширување на конфликтот надвор од окупираните територии на Азербејџан“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.
Се нагласува дека со последниот напад врз цивилите Ерменија открила дека нема ниту еден проблем во прекршувањето на меѓународните хуманитарни права и дека не разбира што е примирје.
Во соопштението се упатува апел до меѓународната заедница да го спречи незаконското постапување на Ерменија, и се нагласува дека тоа е јасно одразување на нејзиниот окупаторски и агресивен менталитет.
Инаку, Ерменија денес со ракети го нападна азербејџанскиот град Генџе, при што загинаа 9, а повредени се 34 лица.