İdiris Okuduci,Ali Makram Ghareeb
09 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
КИРКУК (АА) - Терористичката организација ДЕАШ изврши бомбашки напад врз два извори на нафтеното поле „Хабаза“ во ирачката покраина Киркук, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на полицијата во Киркук, Емир Нури, во изјава за новинарот на АА истакна дека терористите на ДЕАШ изутрина извршиле напад преку поставување бомба во изворите број 33 и 44 на ова нафтено поле.
Нури нагласи дека во нападот нема жртви, ниту повредени.
Според него, започната е операција за фаќање на терористите.