Seyit Aydoğan
09 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
ТОРОНТО
Канадскиот Сенат го одби предлогот за признавање на Нагорно Карабах како независна држава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Предлогот на Лео Хусакос, сенаторот од Конзервативната партија, по потекло од Грција не беше прифатен од мнозинството на Сенатот, на синоќешната седница.
Во предлогот на Хусакос, стои осуда на таканаречената „агресија на Азербејџан и Турција врз Нагорно Карабах, трајна забрана на извоз на воена опрема на Турција и признавање на Нагорно-Карабах како независна држава."
На гласањето одржано во Генералното собрание на Сенатот, 53 сенатори беа „против“ предлогот, додека бројот на гласови „за“ остана на 16. На гласањето, 5 сенатори гласаа „воздржано“.
Минатата недела Француското национално собрание донесе скандалозна одлука и го усвои нацртот за „итно признавање на Нагорно Карабах како држава“, што според меѓународното право е азербејџанска територија.