Ekipa
18 Декември 2018•Ажурирај: 19 Декември 2018
ЛОНДОН (АА) - Британски брачен пар доби затворска казна откако беше обвинет за членување во забранета екстремно-десничарска терористичка група, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми известуваат дека Адам Томас (22) добил затворска казна од 6 години и 6 месеци, додека неговата сопруга Клаудија Пататас (38) добила казна затвор од 5 години, откако беа обвинети дека се членови на Национална акција (National Action), група која беше забранета во земјата во декември 2016 година.
„Скај њуз“ (Sky News) јавува дека поротата во Кралскиот суд во Бирмингем добила информации дека брачниот пар му дал име на своето дете „Адолф“, во знак на восхит кон лидерот на нацистичка Германија, Адолф Хитлер.
На фотографиите прикажани во Судот и објавени од „Скај њуз“ се гледа како брачниот пар стои веднаш до знамето со свастика. На друга фотографија се гледа како Пататас го држи своето бебе додека се фотографира веднаш до знаме со свастика.
Пататас, која по потекло е од Португалија, му кажала на еден член од Национална акција дека сите Евреи треба да се убијат и дека нејзиниот сопруг Томас ги смета сите луѓе кои не се белци за неподносливи.
Брачниот пар е осуден по судењето кое траеше 7 недели.
Антисемитската и групата на белци расисти го величеше убиството на пратеничката од Лабуристичката партија, Џо Кокс, во јуни 2016 година, од страна на десничарскиот екстремист Томас Меир.
Групата се именува себеси како Национално-социјалистичка младинска организација. Сепак, министерката за внатрешни работи, Амбер Руд, ја окарактеризира како „расистичка, антисемитска и хомофобична“.
„Таа (организација) нема апсолутно никакво место во една Британија која работи за сите“, додаде таа.