Ekipa
01 Август 2025•Ажурирај: 03 Август 2025
АНКАРА (АА) – Бројот на жртви од монсунските дождови во северната индиска држава Химачал оваа година надмина 170, според официјалното соопштение објавено денес, јавува Анадолу.
Центарот за итни операции на државата соопшти дека бројот на жртви достигнал 173, а 281 лице се повредени. Вкупно 36 лица се водат како исчезнати.
Оваа недела државата повторно беше сведок на обилни дождови, како и на буични поплави што произлегоа од нив.
Според соопштението, од 173 смртни случаи досега, 78 се случиле во сообраќајни несреќи, а 95 се од повеќе инциденти, како давење, лизгање на земјиштето и буични поплави.
Обилните монсунски дождови во Индија обично започнуваат во јуни и кулминираат во септември.