Elena Trenchevska Chekovic
01 Август 2025•Ажурирај: 02 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) - Поројните дождови предизвикаа поплави во неколку станици на метрото во Њујорк, Соединетите Американски Држави, јавува Анадолу.
Од поплави особено се погодени делови од линијата 6 на њујоршкото метро.
Вчера гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, прогласи вонредна состојба за градот Њујорк и околните окрузи поради поројните дождови и опасноста од големи поплави.
„Ги повикувам сите жители на Њујорк да бидат внимателни, информирани и да бидат претпазливи бидејќи очекуваме прекумерни врнежи од дожд со потенцијал за ненадејни поплави“, порача Хочул преку соопштение.