Ekip
19 Мај 2021•Ажурирај: 19 Мај 2021
ГАЗА
Најмалку 221 Палестинeц загинаа, меѓу кои 63 деца и 36 жени во израелските напади кои се извршуваат во Појасот Газа од 10 мај, соопшти денеска Министерството за здравство на Палестина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се вели дека 1.530 лица се повредени во израелскиот масакр.
Дванаесет Израелци се исто така убиени во ракетен напад на Палестинците од Појасот Газа.
Неодамнешните тензии што започнаа во Источен Кудс (Ерусалим), за време на светиот муслимански месец Рамазан се проширија и во Газа како резултат на израелските напади врз верниците во Џамијата „Ал Акса“ и населбата Шејх Џерах.
Израел го окупира Источен Кудс, каде што се наоѓа комплексот на Џамијата „Ал Акса“, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Израел го анектира целиот град во 1980 година, чекор што меѓународната заедница никогаш не го призна.