Nour Mahd Ali Abu Aisha,Said İbicioğlu
19 Мај 2021•Ажурирај: 20 Мај 2021
ГАЗА
Израел со воени авиони и артилериски гаѓања го таргетира Појасот Газа кој е под блокада, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израелските сили кои се наоѓаат на границата со Газа, извршија артилериски напад врз куќа во подрачјето на Бејт Ханун кое се наоѓа во северниот дел на овој град.
Исто така, израелските воени авиони бомбардираа трикатна куќа во подрачјето на Хан Јунус во јужниот дел на Газа.
Авиони извршија воздушен напад и врз една точка на палестинскиот отпор во западниот дел на Газа.
Израелските авиони ги погодија и земјоделските земјишта, како и една куќа во зоната на Деир ел Бела.
Досега загинаа 221 лице во нападите кои Израел ги врши од 10 мај досега во Појасот Газа кој е под блокада.