Emel Öz Gözellik
19 Јуни 2018•Ажурирај: 20 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Земјотресот со интензитет од 6,1 степени што ја потресе Јапонија досега одзеде 4 животи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави агенцијата „Кјодо“ (Kyodo), во западниот дел на Јапонија, во градот Такацуки, под урнатините е извлечено уште едно тело, со што бројката на загинати се искачи на 4.
Во земјотресот повредени се најмалку 380 лица.
Премиерот Шинзо Абе во своето обраќање изјави дека Владата прави сѐ што е во нејзина моќ по земјотресот да им се помогне на повредените, додавајќи дека соодветното Министерство ги презело потребните превентивни мерки.
Претходно беше соопштено дека тројцата загинати во земјотресот се едно 9-годишно девојче и двајца 80-годишни мажи.
Земјотресот со интензитет од 6,1 степени што се случи во близина на градот Осака, предизвика голем број пожари во зградите, пукнатини на патиштата и оштетувања на водоводната инфраструктура.
Се соопштува дека по земјотресот се запрени авионските и железничките линии, а нуклеарните централи „Михама“, „Такахама“ и „Охи“ немаат претрпено никакви оштетувања.