Sinan Doğan
10 Јуни 2022•Ажурирај: 13 Јуни 2022
БОГОТА (АА) - Бројот на загинати во мексиканската држава Oaxaкa по ураганот Агата се искачи на 19, соопшти денес гувернерот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на Оахака, Алехандро Мурат, рече дека уште девет луѓе загинале, а потрагата за пронаоѓање на шест исчезнати лица продолжува.
Во меѓувреме, властите на Мексико прогласија вонредна состојба во 25 населени места во земјата, откако беше погодено од првиот ураган оваа сезона во Пацификот.
Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор соопшти дека им наредил на релевантните институции да испорачаат помош на оние кои се погодени од ураганот.