Dildar Baykan Atalay
10 Јуни 2022•Ажурирај: 11 Јуни 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро на билатерална средба ја истакнаа меѓусебната соработка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бајден и Болсонаро одржаа билатерална средба во рамките на 9. Самит на американски држави што се одржа во Лос Анџелес.
Во изјавата за медиумите пред средбата, Бајден, потсетувајќи дека претходно двапати бил во Бразил, рече дека соработката меѓу двете земји е важна за регионот.
Американскиот претседател фалејќи го бразилскиот изборен систем, рече: „Бразил е одлично место, многу убави луѓе, многу инклузивна демократија и многу силен изборен систем.“
Нагласувајќи дека и Бразил врши одлична работа во заштитата на амазонските шуми, Бајден додаде дека и другите земји во светот треба да го поддржат Бразил во овие напори.
- Болсонаро со критики за изборниот систем на неговата земја
Од друга страна, бразилскиот претседател Болсонаро, укажувајќи на важноста на добрите односи и соработката со Соединетите Американски Држави (САД), ја повтори критиката за изборниот систем на неговата земја пред изборите во октомври.
Повторувајќи дека нема да учествува во глобалната коалиција против Русија, Болсонаро ги повтори своите тврдења за суверенитет во Амазон.
Средбата која беше затворена за медиумите траеше околу половина час.