Ali Semerci
28 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
КАИРО (АА) - Бројот на загинати во терористичкиот напад на џамијата кај градот Ал Ариша, во северниот дел на Синај, Египет, се зголеми на 309 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Дирекцијата за здравствена заштита на Северен Синај се наведува дека бројот на загинати во нападот, кој е извршен во петокот, е зголемен на 309 лица.
Во соопштението на египетското Обвинителство е потврдено дека нападот го извршиле припадниците на терористичката организација ДЕАШ и дека во нападот учествувале меѓу 25 и 30 терористи.
Терористите наводно до џамијата стигнале во пет одвоени возила, а за време на нападот запалиле еден автомобил. Потоа се обиделе да ги спречат амбулантните возила кои биле на патот кон тоа место.
Џамијата, врз којашто е извршен нападот, се наоѓа 20 километри источно од градот Ал Ариша.