Ihvan Radoykov
17 Јануари 2023•Ажурирај: 18 Јануари 2023
СОФИЈА (АА) - Министерството за одбрана на Бугарија ја демантираше веста дека во Украина се испратени воени авиони Су-25, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на бугарското Министерство се наведува дека веста на „Блумберг“, базирана на холандската одбранбена веб-страница „Орикс“, во која се наведува дека Бугарија во Украина испратила 14 борбени авиони од руско производство Су-25, не е точна.
„Бугарија не ги има продадено, ниту ги има донирано борбените авиони Су-25 на ниту една земја на НАТО за испраќање во Украина“, се истакнува во соопштението.
Појаснето е дека во инвентарот на бугарските воздухопловни сили има само седум авиони Су-25 и дека тие авиони се наоѓаат во воздухопловната база Безмер, како и дека еден авион Су-25 паднал за време на тренажен лет минатата година.
Инаку, претседателот на Бугарија Румен Радев, Бугарската социјалистичка партија (БСП) и партијата Преродба се против каква било помош за Украина во оружје.