Mustafa Talha Öztürk
04 Ноември 2022•Ажурирај: 05 Ноември 2022
СОФИЈА (АА) - Бугарскиот Парламент одобри испраќање воена помош за Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Предлогот во 240-членото Собрание беше одобрен вчера со 175 гласа „за“ и 49 „против“, а еден пратеник беше воздржан.
За време на гласањето некои пратеници држеа плакати на кои пишуваше „не на оружјето“ и „мир“.
Владата сега има еден месец да одлучи какво оружје може да обезбеди Бугарија.
Министерот за одбрана, Димитар Стојанов, истакна дека Бугарија дека нема да испорачува тешко оружје на Украина.
„Како што повеќепати кажав, нема да биде можно на Украина да ѝ испорачаме тешко оружје како што се противвоздушните системи С-300 и Ц-125, воени авиони Су-25 и Миг-29“, рече Стојанов.
Во мај Парламентот се спротивстави на испраќањето оружје на Украина.