İdris Sülün
11 Октомври 2021•Ажурирај: 12 Октомври 2021
МЕКСИКО (АА) - Тропската бура Памела е забележана близу пацифичкиот брег на Мексико, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бурата регистрирана кај мексиканскиот пацифички брег се очекува да се претвори во ураган пред да го погоди крајбрежјето во близина на пристаништето Мазатлан.
Американскиот национален центар за урагани ја сподели информацијата дека бурата Памела е видена на околу 810 километри јужно од регионот Мазатлан и се движи во правец запад-северозапад со брзина од 19 километри на час.
Нагласено е дека бурата достигнало брзина од 85 километри на час.
Се очекува бурата Памела да се движи кон север и североисток и да се претвори во урагани во близина на јужниот врв на полуостровот Baja во Калифорнија.
Центарот за урагани ги предупреди жителите на областите што ќе бидат погодени од невремето во последните денови од неделата.