Şeyma Uzundere
11 Октомври 2021•Ажурирај: 12 Октомври 2021
СЕУЛ (АА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги повика властите да вложат поголеми напори во надминување на суровите услови за живот со кои се соочува земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ким говореше по повод 76. годишнина на владејачката Работника партија на Кореја, јави Севернокорејската централна новинска агенција (KCNA).
Севернокорејскиот лидер ги повика властите да вложат повеќе напори за подобрување на условите за живот во земјата.
Изјавувајќи дека не можат да ги постигнат економските цели поставени на почетокот на 2020 година, Ким најави нов план за развој во следните пет години за решавање на проблемите, пред сè на недостиг на храна.
Се наведува дека Северна Кореја, која беше значително негативно погодена од ограничувањата воведени поради епидемијата на коронавирусот (Ковид-19) и поплавите на крајот на 2020 година, ѝ се заканува недостиг на храна.